За првпат по април 2012 година Samsung не е на првото место според бројот на продадени телефони во еден месец. Counterpoint Research објави извештај кој покажува дека во јуни Xiaomi го надминал корејскиот производител според бројот на продадени уреди глобално.
Бројката според која Xiaоmi е на првото место важи единствено за јуни месец, за целото тримесечје Samsung и натаму е на врвот на производителите. Покрај квалитетот на телефоните на Xiaomi друга причина за падот на продажбата за Samsung е намалувањето на производството поради Ковид-19 пандемијата во Виетнам.
Во јуни Xiaomi ја зголеми продажбата за 26 отсто. Растот на Xiaomi е најмногу предизвикан од падот на Huawei кој не може да се соземе по американските санкции.
„Уште од започнување на падот на Huawei, Xiaomi прави постојани и агресивни напори да ја пополни празнината со овој пад. Производителот го зазема пазарот на Huawei и Honor во Кина, Европа, на Блискиот Исток и во Африка. Во јуни од помош на компанијата и беа и закрепнувањето на економиите во Кина, Европа и Индија и падот на производство на Samsung поради проблеми со снабдувањето“
Пред само неколку недели на средината на јули, Xiaomi го симна Apple од второто место (овој пат за тримесечје. Очекувањата се дека до отворањето на производните капацитети во Виетнам состојбата ќе остане слична и Xiaomi ќе остане на првото место.
Секако ќе биде интересно да видиме и дали Xiaomi ќе успее да ја искористи ситуацијата и да остане најпродаван бренд цело тримесечје.