WireOut вели дека е безбеден сервис за споделување на фајлови

Стартапот WireOver сака на своите корисници да им обезбеди целосно безбеден трансфер на податоци. За разлика од Dropbox или Google Drive фајловите кои ги испраќате ќе добијат „end to end“ кодирање, а дури ниту WireOver нема да знае што испраќаат нивните корисници. Сервисот пред се е наменет за корисници кој секојдневно испраќаат големи фајлови преку интернет, на пример видеа, аудио или слики, но и за истражувачи кои испраќаат голем број на податоци.

„Пости ризик кога ги испраќате податоците компаниите понекогаш имаат копии на фајловите и на клучот за кодирање. WireOver има end-to-end енкрипција, фајловите никогаш не се чуваат на серверите и никој го нема клучот. Пристапот кој го имаме е – не може да му се верува на никој“, вели Трент Ашбурн за TechCrunch.

По инсталацијата на апликацијата корисниците можат да ги испраќаат податоците едноставно внесувајќи ja имејл адресата на примачот. Доколку испраќачот е претплатник може да одбере „безбеден трансфер“ иако примателот не е претплатник. Фајловите сe испраќаат peer-to-peer што е недостаток на сервисот, бидејќи значи дека двата корисници мора да бидат истовремено приклучени на Интернет. Ова пак од своја страна е и предност, бидејќи не складирањето на фајловите овозможува трансферот да биде бесплатен без разлика на големината.

Корисниците кои не се заинтересирани за овој вид на заштита, услугата можат да ја добијат и бесплатно и тоа без ограничување на големината на фајловите, бројот на трансфери или ограничување на брзината. Користењето на безбеден трансфер е единствена разлика помеѓу моделите за домашна употреба и бизнис пакетот, а претплатата чини 10 долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk