Windows Phone 8.1 ќе добие гласовен асистент како Siri

Microsoft ја привршува надградбата Windows Phone 8.1, а на неа доаѓаат две крупни промени. Првата e гласовен асистент сличен на Siri на Apple и центар за нотификации, јавува Verge. За гласовниот асистент веќе поодамна се знае дека ќе се вика Cortana и веќе подолго време се шпекулира дека развојниот тим на Microsoft го тестира на своите телефони. Според најавите, како и Siri и Google Now, и Cortana ќе го рабира контекстот на прашањата, локации и ќе има пристап до податоците на телефонот, а ќе доаѓа на местото на досегашниот пребарувач Bing. Cortana е една од апликациите кои доаѓаат на барање на корисниците, а Microsoft овој пат ќе се обиде да ги исполни очекувањата.

Нотификациите според најавите се повлекување надолу од горниот дел на екранот, со што нема да се разликуваат од Android и iOS, по отворањето ќе биде отворена скрол листата на нотификации кои корисниците ќе можат да ги разгледаат или отворат. Освен ова Windows Phone 8.1 ќе надгради дел од останатите функционалности на телефонот. Музиката и гласноста на ѕвонењето отсега ќе бидат одделени; ќе бидат додадени Bing Smart Search и VPN поdдршка за корисниците кои имаат „enterprise“-верзија на софтверот, и апликациите на друштвените мрежи Twitter и Facebook ќе ја збогатат People Hub функцијата на телефонот.

Прв поглед на Windows Phone 8.1 според дел од најавите се очекува да имаме на Microsoft Build во април. Кога ќе биде завршен Windows Phone 8.1 бесплатно ќе може да се превземе за надградба на оперативниот систем.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments