1 коментар 4 мин. читање 8 март, 2017

WikiLeaks ја објави најголемата база на документи на CIA досега – Vault7

WikiLeaks објави илјадници документи за кои тврди дека се дел од хакерските тајни на CIA. Злоупотреба на пропусти во Samsung телевизори, iPhone на Apple и куп Android уреди се дел од најголемото протекување на податоци по Едвард Сноуден.

Во 8.761 документи, на над 9.000 страници е опишана праксата на хакерите на CIA. Ова е само прв дел од архивата која WikiLeaks ја нарече Vault7. Објавените документи се за периодот од 2013 до 2016 година. Податоците до WikiLeaks дојдоа од анонимен извор, а засега WikiLeaks не објавува од каде.

Агенцијата користела и плаќала за безбедносни пропусти. Документите објаснуваат како хакерите користеле малициозен софтвер и алатки за таргетирање на телефони, телевизори, рутери и сите оперативни системи од Windows до Linux.

Централата на хакерскиот тим на CIA е во Ленгли, што најверојатно и не е изненадување. Сепак, изненадување е дека конзулатот во Франкфурт, Германија е втора база за следење во Европа, Блискиот Исток и Африка.

Американската агенција не ги развивала алатките сама, за дел од нив имала соработки со агенции од други држави. На пример, алатката за напад на Samsung телевизорите наречена Weeping Angel е креирана во соработка со MI5. Weeping Angel овозможува телевизорот наместо да се исклучува, да се префрла во лажно исклучување. Телевизорот му изгледа исклучен на корисникот, но микрофонот е вклучен и го снима разговорот и го испраќа во Ленгли.

Друг уште поневеројатен хак е направен за возилата. CIA има креирано хак и за возилата што според WikiLeaks овозможува да преземат контрола врз нив и да прават атентати кои не можат да се откријат.

Податоците покажуваат дека комуникацијата на мобилните уреди може да се надгледува постојано, дури и кога целиот разговор е криптиран. Изборот на апликациите воопшто и не игра улога бидејќи агенцијата ги прибира податоците од самиот телефон, пред нивното криптирање.

Доколку се вистинити споделените податоци, тие покажуваат дека CIA продолжила да ги крие пропустите за сопствена употреба. Претседателот на САД, Барак Обама вети дека безбедносните пропусти ќе бидат објавувани и споделувани за поголема безбедност, но очигледно ова не е случај. Праксата на CIA ја загрозува безбедноста, бидејќи не се единствените кои можат да ги користат безбедносните пропусти. До затворање на истите можат да ги користат и злонамерни хакери.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top