0 коментари 2 мин. читање 24 јануари, 2017

Wikileaks ги бара даночните податоци на Трамп

Wikileaks ги повика своите придонесувачи да помогнат и да ги пронајдат податоците за данокот на новиот американски претседател Доналд Трамп. Потегот доаѓа откако Келијан Конвеј, советничка на претседателот, објави дека нема да го објават данокот на Трамп.

„На луѓето не им е грижа… Гласаа за него, да ви објаснам: Најголем дел од Американците се загрижени каков ќе биде нивниот данок додека Трамп е претседател, не каков е неговиот.“, вели Келијан Конвеј.

Оваа изјава на Конвеј е нов „алтернативнен факт“, откако на почетокот на месецот анкета покажа дека 74 отсто од Американците, и 53 отсто републиканци сакаат да ги видат даночните пријави на г. Трамп, пренесе Huffington Post.

Aктивистите кои претходно ја објавија интерната комуникацијата на демократите и советниците на Хилари Клинтон, WikiLeaks, сега го бараат данокот на претседателот на САД. Потегот на Доналд Трамп го прогласија за манипулативен потег.

Пред изборот за претседател и негово поставување во Белата Куќа, претседателот Трамп ветуваше дека ќе ги објави податоците штом заврши инспекцијата.

Во текот на изборната кампања WikiLeaks беше обвинета за фаворизирање на Трамп. Организацијата објави повеќе податоци за Хилари Клинтон, па дел од поддржувачите на Клинтон ги обвинија за влијание на изборите и пристрасност.

Доналд Трамп нема законска обврска да ги сподели даночните пријави со јавноста. Сепак и покрај ова сите претседатели пред него ги споделуваа со цел да бидат транспарентни.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top