Waymo на Google е се поблиску до конкуренцијата

во Свет

Автономните возила на Waymo се поблиску да го најдат својот пазар отколку конкурентите, од Uber на пример. Waymo, компанија која излезе од Google потпиша неколку договори за соработка со неколку компании. Со ова автономните возила на Google ќе ги направат првите чекори за нови клиенти.

Компанијата има партнерства со: Walmart, AutoNation, Avis, DDR Corp и Element Hotel, пренесува CNBC.

Корисниците на Waymo кои ќе купуваат во Walmart ќе добијат попуст и ќе можат да одат до продавницата и назад со автономните возила. Сервисот за возила ќе AutoNation ќе им овозможи на своите клиенти наместо да изнајмуваат возила да ги користат возилата на Waymo.

Avis на своите клиенти ќе им овозможи да користат превоз помеѓу неколку локации. DDR Corp ќе овозможи превоз на клиентите кои одат на шопинг во нивните трговски центри.

Element Hotel ќе обезбеди превоз со автономните возила за одбрани клиенти.

Засега овие тестови и партнерства се ограничени во Аризона. Она што е поинтересно е дека до неодамна Google имаше автономно возило, но не и корисници. Сега се чини дека компанијата полека го пронаоѓа својот пазар. Поради ова започнува да ги стасува компаниите како Uber кои имаат клиенти, но не и автономни возила.

Без сомневање наскоро ќе дознаеме што е поважно, возилата или клиентите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments