Минатата недела војската на САД започна со тестови на роботот на Boston Dynamic. Механичкото куче – Spot, учествуваше во серија сценарија, од напад во шума до напад во урбана средина. Во овие тестови роботот ги менува кучињата, кои доколку тестовите се покажат успешни ќе ги заменат и на опасните мисии.
Spot е еден од роботите кои DARPA ги имаше нарачано од Boston Dynamic да станат дел од Google. Компанијата најави дека по аквизицијата, Boston Dynamic ќе ги испочитува сите договори кои ги има со војската, но нема да има нови договори за креирање на роботи.
Иако дел од луѓето најверојатно се преплашени од можноста во иднина на боиштата луѓе да се сретнат со роботи, Spot ќе овозможи извидување на просторот за можна опасност. Дополнително во овие мисии Spot е управуван од оператор и барем во моментов појавата на автономни роботи на боиштето е далечна.
Покрај Spot во вежбите учествуваа и автономното возило GUSS, поголемиот модел на Spot – BigDog и други роботи, но фокусот овој пат е на Spot поради тоа што за разлика од другите роботи за прв пат се појавува на вежбите.







