Најголемата онлајн продавница Amazon го продлабочува јазот со Google и се чини дека засега нема да има решение.
Amazon ќе престане да продава Nest производи на својата продавница. Потегот на Amazon е симболичен, компанијата и онака не продава премногу производи од Nest, но секако подегот не води кон помирување.
Најпрво Amazon ги извести Nest дека ќе престане со продажба на новите верзии на Nest термостатот и системот за домашна безбедност. Веднаш по ова известување, Nest одлучи да ги повлече сите свои уреди од Amazon. Ова значи дека штом се потрошат постоечките резерви, нема да има нови уреди од Nest на продажба.
Надвор од паметниот дом кој сакаат да го освојат и Google и Amazon, двете компании и не си конкурираат премногу. Секако тука се YouTube и Twitch, но се чини дека овие две платформи се и повеќе од способни заедно да коегзистираат. Тука е и сервисот за реклами на Amazon, но барем засега конкуренцијата е со повеќе големи компании, па можеби и затоа не толку изразена.
Двете компании не се нови во хардверот, но објективно овој оддел е далеку од нивна примарна заработка. Amazon имаше ужасен обиди со паметен телефон и стандардни таблети. Пред Echo, единствен уред кој беше успешен беа Kindle таблетите.
Google нема премногу хардвер. Пред Pixel сериите соработуваа со производители на Nexus уреди, но не успеаа да го освојат пазарот. Единствени навистина квалитетни уреди кои се поуспешни, се уредите на Nest. Секако оваа компанија порасна надвор од Google, а Google само ги купи како готов производ.
Она што најверојатно нема да може да биде спречено е продавање на Nest уредите на Amazon Marketplace. Секако компанијата можеби и може да обезбеди да нема уреди од Nest, иако останува прашање како ќе го изведе ова.
Alexa и Google Now се речиси единствени конкуренти кога паметниот дом е во прашање. Засега нема друга компанија која има свои уреди, иако без сомневање наскоро и Apple ќе влезе на овој пазар.