Добрите видеоигри можат да бидат суптилни, комлексни и да поттикнуваат на размислување како и литературата и време е светот да го препознае ова, вели Еми Грин, доктор по литература, во својот TED говор. Г-ѓа Грин е специјализирана за Шекспир и американска литература од 19 век, и работи на културолошки истражувања. Но покрај сета ова сериозна работа, нејзина пасија се и видеоигрите за кои вели дека ги обожава, и дека игра различни жанрови. Според неа играчот во игрите може да раскажува приказни од гледната точка на протагонист кој го контролира, и ова без сомневање, може да најде своја примена и во образовниот процес.
„Јас сум гејмер кој порасна и стана, повозрасен женски гејмер, која ја пронајде својата определба во предавањето и пронаоѓање на нови начини за споделување на големи идеи. Играњето на видеоигри не ме направи анти-социјална, ниту насилна, помалку чудна, можеби. Видов се од Pong до Last of Us и многу сум возбудена за иднината која ќе ја донесе гејмингот. Што вие се надевате дека ќе видите?“
Bioshock, Last of Us, Dishonored и Assassins Creed се дел од игрите кои се споменати во овој одличен TED говор, кој играчите, но и оние кои не се убедени, мораат да го изгледаат.