1 коментар 1 мин. читање

Видео игрите се уметност, затоа правиме изложба за нив, вели Smithsonian American Art Museum

Додека ние се занимаваме со барокни фасади и викторијански бродови во Вардар, остатокот на светот не застанува проширувајќи ги рамките на тоа што досега можело да се нарекува уметност или да се изложува во музеи и галерии. Иако веќe и кај нас видео игрите срамежливо се најавуваат како помошно наставно средство, во Smithsonian American Art Museum се одржува првата изложба на видео игри откако официјално беа признати како уметност.

Изложбата е целосно интерактивна, што значи дека посетителите имаат можност и да застанат и да изиграат некои од игрите. Најголем број од постановките се избрани на интернет анкетата која се одржа пред една година. По Вашингтон изложбата ќе се пресели во десет други градови каде посетителите ќе можат да се запознаат уметноста на видео игрите.

[youtube]7gXrCEzuAis[/youtube]

(Сликите се на Blakespot/Flickr)

[youtube]lHF-jzPL_mg[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top