1 коментар 2 мин. читање 8 јули, 2015

Вештачката интелигенција може да биде почудна одошто очекувавме

Deep Dream е навистина многу, многу, чуден проект на Google, но и навистина кул. Последниот презентиран обид за префрлање на Fear and Loathing in Las Vegas е нов доказ дека вештачката интелигенција може да биде многу почудна од тоа што очекуваме.

Deep Dream е систем кој овозможува препознавање на слика преку вештачки неврони. Системот работи така што вештачката интелегенција обработува и менува делови од сликите, на пример ги препознава првин рабовите, потоа облиците на сликата, и така постепено ја составува. Според Google, како луѓето така и вештачката интелигенција гледа објекти во секојдневни неповрзани средини. Пример, кога ќе видите дека облакот ви наликува на зајак, така гледа и вештачката интелигенција. И ако побарате на мрежата да креира слика врз облиците што ги гледа тогаш добивате нешто чудно, посебно по неколку итерации по кои сликите стануваат нешто потполно лудо. Интересно, тоа Google го нарекува „inceptionism“, што би требало да биде корисен принцип за сите идни системи на вештачка интелигенција за да препознаваат објекти и слики.

Сервисот е потполно отворен па секој може да постави сопствена фотографија на алатката за визуелизација. Сцената од филмот доаѓа со инструкции кои на сите ќе им овозможaт да креираат и почудни видеа преку Deep Dream.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top