Режисерот на преносот на тенискиот турнир Вимблдон ќе има помош од Watson при изборот на најдобрите моменти од натпреварите. Вештачката интелигенција Watson, ќе анализира повеќе податоци за да дојде до навистина најдобрите моменти од натпреварите.
Така, стисната тупаници или викањето на тенисерите ќе биде еден од податоците кои ќе се анализираат. Но, за да не се случи листата од најдобри моменти да се преплави со најактивните и најтемпераментни тенисери, Watson ќе ја анализира и публиката. Конечно, вештачката интелигенција ќе ги анализира и податоците од натпреварот за да креира листа од најдобрите моменти од натпреварите.
„Препознавањето на емоциите е базирано на анализа на преносот и пронаоѓање на гестикулации. На пример, стисната тупаница, високо кренати раце, ракување на крај од натпреварите и силна демонстрација на емоции, како врисок“, објаснува Сем Седон, директор на Вимблдон.
Сепак за навистина добра листа на најдобри моменти ќе биде потребна и анализа на публиката. Ова ќе помогне за да бидат претставени и „помирните“ тенисери, поточно оние кои не се премногу темпераментни.
„Го слушаме и звукот од публиката ако има фантастична реакција тогаш ќе има погласно, па потивко навивање во овој дел“, додава г. Седон.
Новитет ќе биде и додавање на вештачката интелигенција во комуникацијата. Оваа година за прв пат вештачката интелигенција ќе се користи за четботовите на Вимблдон. Чет ботовите ќе бидат достапни преку Facebook Messenger, јави Reuters.
Watson е вештачка интелигенција на IBM која најверојатно е една од најразвиените денес. Системот како и луѓето постојано учи и се развива. Најверојатно најдобар показател за ова се зоните на примена во кои пронајдоа простор за развој. Watson започна со победа на квизот „Jeopardy!“, но оттогаш се користеше и во медицината, и како готвач и како грижа за корисници и контакт во куп индустрии. Вимблдон започнува на 2 јули, и ќе биде навистина интересно да видиме што ќе ни подготви Watson.