Истражувачите Ксаолин Ву и Кси Жанг од Универзитетот Џиао Тонг од Шангај тврдат дека креирале вештачка интелигенција која може да препознае криминалци. Контроверзниот дел од ова тврдење е што технологијата ги препознава криминалците по анализа на ликот.
Вештачката интелигенција може да препознае лик на криминалец и да го разликува од лик на чесен граѓанин во 89,5 отсто од случаите. Испитаниците и учесниците во тестот се помеѓу 18 и 56 години. Во испитувањето учествуваа 1.856 фотографии на учесници, 90 отсто од нив се користат за споредба, 10 отсто за проверка на методот, објавува The Next Web.
„Овие резултати се конзистентeн доказ за валидноста на автоматски заклучок за криминал донесен од изгледот на ликот, и покрај историските контроверзии околу темата“, велат истражувачите.
Дел од параметрите кои се показател дека некој е криминалец се: поголема горна усна, кај криминалците во просек е 23 отсто поголема; растојанието помеѓу внатрешните агли на очите, кај криминалците е 6 отсто помала; аголот помеѓу линиите од врвот на носот до аглите на устата, кој кај криминалците е 20 отсто поостар. За разлика од чесните граѓани ликот на криминалците многу повеќе варира тврдат истражувачите.
Целата анализа и истражување може да ги погледнете тука.
[…] Тонг од Шангај креираа вештачка интелигенција која може да препознае криминалци по ликот. Параметрите кои се показател дека некој е криминалец […]