Десетици лажни порно клопови се појавија на Reddit. Ова вообичаено и не некоја вест, но овој пат за видеата е искористен алгоритам и вештачка интелигенција.
Deepfakes досега објави видеа од повеќе познати холивудски ѕвезди и пејачки. Првите лажни видеа се далеку од идеални, но без сомневање нема да остане на ова. За креирање на видеата, Deepfakes користи TensorFlow, open source алатка од Google.
За рекреирање на ликот за актерките се искористени фотографии на Google Image пребарување. Потоа, со повеќе open source библиотеки е истренирана вештачката интелигенција. Дури и со обична графичка картичка ефектот може да се рекреира за неколку часови, вели Motherboard.
„Пронајдов начин да ги заменам ликовите. Со стотици слики можам едноставно да креирам милиони развлечени слики и да ја истренирам вештачката интелигенција. Потоа, кога ќе ставам нечив лик, интелигенцијата ќе помисли дека е уште една развлечена слика и ќе се обиде да ја направи како ликот со кој тренирала“, вели Deepfakes.
Алгоритмот и вештачката интелигенција засега не се доволно софистицирани, па видеата нема да измамат никогo. Сепак, интересот за експлицитни видеа од познати личности без сомневање ќе биде огромен, без разлика што видеата се лажни.
Сепак, некој иден проблем секако ќе биде користење на технологијата и на обичните луѓе. Не треба премногу фантазија да замислите како некој ги злоупотребува милијардите селфи фотографии оставени на интернет.