Велемајстор во шах фатен како мести натпревари со iPhone

во Свет

Како во иднина би можеле да влијаат преносните компјутери на секој од нас? Доколку се сомневате дека можеби поради нив стануваме попаментни, следниот пример е добар показател дека со примена на технологијата може да изгледа дека сте повешти во нешто отклку што навистина сте.

Гиаоз Нигалидзе е грузиски шахист, кој е обвинет дека со помош на својот iPhone стигнал до рангот шаховски велемајстор, пренесува Washington Post. За турнирот на Dubai Open постои основано сомнение дека патриите ги одиграл со помош на својот телефон. „Нигалидзе брзо ќе одговореше на моите потези и ќе отрчаше во тоалет. Забележав дека секогаш оди во истата кабина, дури и кога ниту една од другите кабини не е зафатена“, вели Тигран Петросјан, една од можните жртви на технологијата.

Кога задолжените за безбедност го прегледаа толетот, пронајдоа iPhone замотан во теолетна хартија. Иако г. Нигалидзе негира дека станува збор за негов телефон, на телефонот на една од друштвените мрежи е беше логиран неговиот профил, а партијата беше анализирана од шаховска апликација.

По ова г. Нигаладзе е протеран од турнирот, но поголем проблем за него е проверката на начинот до кој стигнал до двете титули национален шампион и можност поради мамење да биде казнет со 15 годишна забрана за учество на шаховски турнири.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk