Valve започна со претпродажба на своите први конзоли заедно со Steam Link – уред за стрим на игри од PC на останатите уреди во домот. Првите конзоли во продажба ќе се појават на 16 октомври, а во продавниците ќе бидат достапни веќе од 10 ноември, јави Polygon. Први производители кои започнуваат со продавање на конзолите на Steam Store се Alienware и CyberPower. Козолите ќе доаѓаат со SteamOS, прилагодена верзија на Linux за гејминг.
Тоа што најверојатни ги интересира најголмиот дел од корисниците е дека на денот на почетокот на продажбата, ќе бидат поддржани помеѓу 1.000 и 1.200 наслови. Најверојатно незабележана ќе остане можноста за гејминг преку стрим од Windows PC на конзолата. Цената на Steam Machines започнува од 450 долари, а за почеток ќе се движи до 750 долари. Системите ќе можат речиси целосно да се надградат со исклучок на графичката картичка која е интегрирана на плочата. Според првите податоци картичката е во ранф на GeForce GTX 860M или подобра. Сите конзоли доаѓаат со Steam Controller. Сите конзоли ќе бидат достапни преку Steam или преку страните на производителите.
Еве како изгледаат првите Steam конзоли:
- Цена: $449
- Intel Core i3 – 4130T DC
- nVidia GeForce GTX GPU w/2GB GDDR5
- 4GB DDR3
- 500GB 7200RPM HDD
- 1×1 802.11 Wireless Card
- Steam Controller
- Цена: $549
- Intel Core i3 – 4130T DC
- nVidia GeForce GTX GPU w/2GB GDDR5
- 8GB DDR3
- 1TB 7200RPM HDD
- 1×1 802.11 Wireless Card
- Steam Controller
- Цена: $649
- Intel Core i5 – 4590T QC
- nVidia GeForce GTX GPU w/2GB GDDR5
- 8GB DDR3
- 1TB 7200RPM HDD
- 2×2 802.11 AC
- Steam Controller
- Цена: $749
- Intel Core i7 – 4765T QC
- nVidia GeForce GTX GPU w/2GB GDDR5
- 8GB DDR3
- 1TB 7200RPM HDD
- 2×2 802.11 AC
- Steam Controller
Тоа што е интересно е каде ќе биде поставен уредот за виртуелна реалност кој го најавува Valve, доколку има потреба од слилни минимални спецификации како и Oculus Rift VR, тогаш е речиси извесно дека за него ќе биде потребна некоја нова генерација на конзолите.