0 коментари 2 мин. читање 21 јануари, 2015

Valve го стартува конкурент на Twitch

Valve го презентираше своето решение за стримање на видео од игри – Stream Broadcasting – кој би требало да биде вистинска конкуренција за неприкосновениот Twitch. Гледањето на стрим на Steam е супер едноставно, секој пат кога ќе забележите дека некој ваш Steam-пријател игра некоја игра од менито можете да одберете „Watch Game“, по ова до него доаѓа нотификација и доколку добиете дозвола ќе можете да го гледате стримот.

Може да се следат и стримови од било кој корисник чии SteamID ви е познат, иако за ова ќе корисникот или ќе треба да ви даде дозвола, но можно е и креирање на јавни стримови до кои пристап имаат сите. Дополнително корисникот може да одбере дали сака во стримот да го додаде својот глас или стримот да си продолжи со звукот од играта. „Кога играте игра и некој ќе започне да гледа, автоматски започнувате со пренос. Кога ќе заврши играта преносот завршува“, велат од Steam.

Според очекувањето квалитетот на видеото и звукот зависи од интернет врската на корисниците, па можни се резолуции од 480, 720 и 1080p, и битрати помеѓу 750kb/s и 3.500 kb/s. Засега стримањето е овозможено единствено на Windows, а Mac и Linux корисниците можат да ги следат стримовите, но барем за сега не можат да стримаат. Сепак Valve најавува дека функционалноста во иднина ќе им биде достапна на сите.

Се чини дека предноста која Valve ја има пред Twitch е во едноставноста за пренесувањето на стримот, нема потреба од дополнителен софтвер, а започнувањето на стримот е далеку поедноставно. Сепак кога е во прашање стримање на игрите Twitch сè уште е платформата која треба да биде надмината.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top