Независно од тоа дали сте фан на конзолата на Sony или Microsoft, фактот е дека и понатаму е исклучително тешко да се најде на продажба.
Ако може да се верува на челното лице од Xbox, Фил Спенсер, фрустрацијата од недостатокот на PS5 и Xbox нема само да продолжи до крајот на годината туку и би можело целосно да се развлече и во 2022 година.
За проблемот со недостатокот, Фил смета дека е „најверојатно премногу изолирано да се зборува дека е само поради проблем со чипот“, изјави тој за интервју за The Wrap и додаде дека има многу проблематични точки при целиот процес на масовно производство на конзоли. „Сметам дека, за жал, недостатокот ќе не прати со месеци и месеци, дефинитивно низ целава оваа година, а и низ наредната“.
Ова само се надоврзува на неодамнешната изјава од претставник од Sony кој иако беше оптимистичен во зголемување на масовното производство, сепак призна дека и понатаму ги очекува трнлив пат.
Но, и кога ќе се најде во Македонија, дали може да се најде за препорачаната цена?
Ако ги тргнеме на страна скалперите кои продаваат конзоли за 1000 евра, во Македонија, за Xbox Series X само еднаш, привремено забележавме на страницата на Анхоч како нема на залиха за да часови подоцна целиот продукт не се отстрани од веб страната. Во меѓувреме, послабата конзола, Xbox Series S со месеци ја има на залиха и во Анхоч и во Техномаркет по цена која, според авторот на овој текст, е значително повисока од препорачаната, независно од тоа колку пати ќе се објаснува дека тоа е или поради ддв, или вклучена гаранција.
На другиот фронт, досега имаме забележано четири одделни ситуации каде се продаваше PS5 во Галерија, Blu-ray верзијата, а не дигиталната, која е значително поевтина. Во поглед на цена, претпоследен пат се продаваше во две прилики пакет од PS5 со две игри, при што цената скокаше до 40 000 денари. Последниот пакет кој сеуште е достапен во моментот на пишување на овој текст, е конзола од 31 000 денари плус 3 игри, искачувајќи ја цената на 44,490 ден! Што значи, не само што е тешко да се најде PS5, невозможно е и да се најде по препорачаната цена, туку само се нуди во пaкети со игри чија вкупна цена е скоро како половина конзола.