2 коментари 1 мин. читање 11 ноември, 2010

Управувајте ги далечински YouTube видеата со Android апликација

Leanback е верзија на YouTube направена за гледање видеа на цел екран или на телевизор. Опциите се едноставни, а контролата на видеото е со тастатура, не со глувче. Leanback е оригинално наменет за Google TV, но е достапно за сите корисници. Секако контрола со тастатурата ја ограничуваше можноста да гледате YouTube видеа на телевизор додека ги управувате со тастатурата, но благодарение на апликацијата сега вашиот Android телефон станува далечински управувач.

YouTube Remote ја нема на Android пазарот преку мобилниот, но ќе ја најдете на AppBrain и да ја инсталирате преку QR кодот, кој го имате и на официјалниот YouTube блог пост.

Апликацијата е лесна за користење и брза. Единствен проблем е што ќе треба да бидете логирани со YouTube профил и на апликацијата и на Leanback за да може да функционира.

Toa што е интересно е што прелистувате преку мобилната апликација, додека на големиот екран, телевизор или монитор, се прикажува само видеото, или како што вели Киан Јонг од Google „само активната работа се случува на телефонот, само пасивната работа се случува на ТВ“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
@Gramosli
15 years ago

Потврдувам. Одлично функционира…

@ViktrArs
15 years ago

Достапна е. Скриншотовите се од на телефонот (авторот),. И да, има чудна смисла за видеа :))

Мени
Заедница
Изглед
To top