Украдени се прототипи на супер-тенкиот лаптоп Razer Blade

1 коментар 2 мин. читање

На почеток на месецот компанијата која ги произведува најдобрите гејминг лаптопи Razer објави дека се украдени пар прототипи од лаптопот кој го развиваат. Новиот лаптоп Blade покрај хардверските подобрувањата има мини дисплеј на самиот лаптоп кој може да се користи за прикажување на мини-мапа или за прикажување на други опции од играта.

Според изјавата кое го дадоа за гејминг порталот Kotaku на 5 nоември вработените приметиле дека недостасуваат лаптопите. Крадците успеале да влезат во просториите на тимот за развој и откако ја обиле вратата ги украле двата прототипи, дигитална камера и уште еден лаптоп. Останатите компјутери и лаптопи во канцеларијата каде работат триесетина се оставени недопрени.

Да биде проблемот поголем на еден од лаптопите бил правен и тест за прегревање преку викендот, па податоците од експериментот се изгубени заедно со лаптопот. Ова е и главната причина зoшто Razer ја објави кражбата и на својата Facebook страна., бидејќи се надева дека гејминг заедницата ќе помогне лаптопите да бидат вратени заедно со резултатите од тестот. До сега полицијата нема никакви податоци за тоа кој би можел да ги земе лаптопите, а се надеваат дека ќе го пронајдат виновникот по прегледот на безбедносните картички за пристап.

Украдените прототипи се лесни за препознавање, а главна одлика им е што се ултра тенки и триаголнестото лого со змиски глави. Цената на лаптопот во продажба се очекува да биде 2.800 долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top