Uber презентира прототип на летечко возило

Image courtesy of CBS

Uber можеби има проблеми на земјата, но компанијата има намера да го освои небото. Uber на Elevate конференција ја прикажа својата замисла за иднината на такси превозот. Станува збор за авион кој може да полетува и слетува вертикално. Во иднина леталото ќе може да лета потполно автономно, и нема да биде потребен пилот да го управува. Сепак првите планови се со возилото да управува човек. Изгледа малку преоптимистички, но леталото е проектирано за 2023 година.

Леталото кое го претстави Uber е некаков спој нa авион и хеликоптер. Трупот наликува на авион, но леталото го задвижуваат четири пропелери поставени како на квардикоптер дрон. Патниците кои ќе повикаат летало ќе добијат порака за локацијата на која треба да се упатат, се чини дека Uber планира да има повеќе вакви локации во урбаните центри. Од најавата се чини дека Uber Air ќе бидат на крововите на зградите или можеби на некоја друга локација. При полетувањето сите четири порпелери се користат за генерирање на вертикален потисок. Штом леталото е во воздух, задните пропелери ќе се завртат и таксито лета со нив.

Uber планира овие летови да се користат исклучиво за подолги дестинации. Летањето ќе овозможи да се избегне гужвата во сообраќајот, а секако и нема да се предизвикува дополнителна гужва. Еден од најголемите проблеми на компаниајта ќе биде да пронајде нови корисници. Според најавата, летечкото такси ќе работи рентабилно единствено со четири патници.

Компанијата вели дека начинот на кој се поставени пропелерите овозможува потивка работа и потивко летање. Дали ова е клучен проблем на автономни летала е тешко да се заклучи, иако се чини дека има и поитни проблеми.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk