0 коментари 2 мин. читање 18 декември, 2017

Uber користи тајни агенти кај конкурентите

Еден од стартапите кои важат за најиновативни, Uber, имал цела единица задолжена за крадење на тајните на конкурентите. Ова го покажува еден документ кој е објавен во судскиот спор Waymo против Uber.

„Единицата“ имала за цел да украде тајни на конкурентите преку илегален надзор, вели BBC. Единцата во еден случај дури отишла во хотел за да ги следи и прислушкува директорите на конкурентска компанија.

„Сè уште не сме ги потврдиле сите тврдења во ова писмо – и, што е најважно, дали има поврзаност со Waymo – сепак, нашето ново раководство јасно стави до знаење дека во иднина ќе се натпреваруваме праведно, врз основа на нашите идеи и технологии“, вели Uber во својот одговор.

Писмото кое е објавено е дело на Ричард Џејкобс, поранешен вработен во Uber и е втемелено на неговото 11 месечно искуство во компанијата. Писмото е споделено со адвокатите во судскиот спор, јави Ars Technica.

Дел од содржината е оспорена и за неа се тврди дека не е точно тоа што г. Јакобс го тврди. Сепак, дел од содржината и делови од писмото се потврдени. На пример, компанијата илегално дошла до медицински картони на жена која го обвинила нивниот возач за силување.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top