Уапсена жена од Кина која со себе носела малициозен код во одморалиштето на Доналд Трамп

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Жена од Кина е уапсена откако е фатена како се обидува да влезе во комплексот на претседателот на САД, Доналд Трамп во Мар-а-Лаго на Флорида. Во моментот на апсење кај 32 годишната жена се пронајдени 4 паметни телефони, екстерен хард-диск, лаптоп, два пасоши и USB со малициозен код, јави New York Times. Инцидентот се случи на 30 март, и во овој период и г. Трамп бил присутен во клубот.

Жената е идентификувана како Јунг Жанг, а кога безбедносните служби ја привеле им одговорила дека оди во базенот. Претходно поради јазична бариера персоналот претпоставил дека е роднина на член на клубот.

На рецепција во клубот г-ѓа Жанг им кажала на рецепционерите дека е дел од Американско-кинеска асоцијација во Обединетите Нации. Рецепционерот се посомневал бидејќи знаел дека било каков официјален настан ќе бил претходно најавен.

Причините за загриженост се поголеми поради лошите навики за онлајн безбедноста на претседателот на САД, вели Verge. Претседателот има 2 безбедни телефони кои се модифицирани од Националната агенција за безбедност. Проблем е последниот, трет телефон кој го користи и е ист со останатите милиони небезбедни уреди.

Агенциите започнаа со истрага која треба да покаже дали шпионирањето на Жанг е дел од поширока мрежа која се обидува да добие пристап до уредите на претседателот. Според тврдењата на приведената, нејзин пријател ја натерал да се обиде да разговара со член на семејството на Трамп за кинеско-американските економски односи.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments