Twitter објасни зошто ќе дозволи цензурa во одредени земји

Откако Twitter најави дека ќе постои промена во однос на цензурата во различни држави на твитови, нивниот директор Дик Костоло сега објаснува дека тие цензурираат бидејќи немаат избор, тие мора да ги следат локалните закони. Twitter развива алатка која ќе може да се користи државите, за да се врши цензура врз содржините на твитовите.

Г. Костоло тврди дека нема избор во однос на ова прашање тврдејки дека за некои држави да имаат Twitter, мора да се извршат одредени промени на начинот и содржината на твитовите за да се вклопат со локалните закони и потреби на тие држави.

„Нема промена на нашиот став или пристап во однос на содржината на Twitter. Кога ние ќе добиеме наредба за прекин на содржина, ние сакаме да ја оставиме таа содржина за највеќе луѓе да ја видат додека се држиме во согласност со локалните закони.“

Тој додава дека не можат да ги изберат законите со кои ќе се согласуваат, ако сакаат да работат во некои од овие држави.

Оваа контроверзна одлука не е прифатена најдобро од корисниците на Twitter, а воедно несомнено ќе предизвика слични неопирања на други компании врз вакви притисоци за цензура. Во период кога слободниот интернет се соочува со едни од најголемите опасности од страна на закони како PIPA, SOPA, ACTA, вакви случаи и потклекнувања на цензура се далеку од посакувани.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk