1 коментар 2 мин. читање 20 јули, 2020

Twitter напад, недела подоцна, цел на напад 130 профили, 121 000 долари украдени

Twitter ги објави досегашните податоци од нападите на 15 јули на кој провалите од неколку познати јавни личности беа искористени за ширење на измама со крипто-валути. Во измамата на три адреси за крипто-валути во 400 исплати се украдени 121 000 американски долари.

На 15 јули Twitter профилите на Илон Маск, Ворен Бафет, Бил Гејтс, Apple, Канје Вест речиси истовремено започнаа да твитаат дека за секој „долар“ кој ќе го уплатите на нивните адреси ќе ви вратат два. Уплатите требаше да се направат во крипто-валута, а напаѓачите веднаш ги празнеа овие сметки. Дадената мотивација беше различна, но можеше да се подели во две групи: верба во крипто валутите и помош за погодените од пандемијата.

Во измамата се украдени 121 000 долари, а во нападот се злоупотребени 130 твитер профили. На 45 профили напаѓачите успеале да ја ресетираат и променат лозинката, да се логираат на профилот и да објавуваат твитови.

За дел од овие профили проблемите можеби штотуку започнуваат, за осум профили напаѓачите со „Your Twitter Data“-алатката ги преземале сите податоци, вклучувајќи ги и приватните пораки на овие корисници и имејл адресите. Ниту еден од овие корисници не е дел од верифицираните профили.

https://twitter.com/TwitterSupport/status/1284331132255756288

Што се однесува до нападот, хакерите ги користеле интерните алатки на Twitter. Мал број од вработените во Twitter кои имале пристап до овие алатки биле жртва на социјален инженеринг. Со ова друштвената мрежа ги демантираше првичните претпоставки дека напаѓачите имале помош одвнатре.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top