0 коментари 2 мин. читање 25 април, 2013

Тwitter наскоро ќе претстави двојна верификација за поголема безбедност

Twitter започна тестирање на сервис кој ќе ја зголеми безбедноста на корисниците. Новиот систем ќе ја намали опасноста од неавторизирани логирања, бидејќи ќе бара двојна верификација. Решението е во финална фаза на тестирање, а наскоро ќе им биде достапно за сите корисници, вели The Wired.

Начинот на кој ќе се оствари ова речиси идентичен со двојната авторизација на Google. Најпрво корисникот ќе избере веродостоен уред, на пример паметен телефон на кој ќе го добива кодот генериран по случаен избор. За пристап до профилот освен лозинката ќе ви биде потребно и да се внесе кодот кој ќе се добива преку SMS порака.

Двостепената авторизација доаѓа како решение на се поприсутниот проблем на хакирање на профили, посебно на профилите на етаблираните „корисници“ како BBC, 60 minutes и Associated Press. Засега е непознато кога ќе пристигне новата заштита на Twitter, а дел од корисниците се на мислење дека подобро е да пристигне веднаш, а потоа да се поправаат проблемите кои ќе се појават.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top