0 коментари 2 мин. читање 22 јануари, 2018

Twitter ќе ве извести ако сте манипулирани од руската пропаганда

Twitter ќе ги извести своите корисници кои во текот на изборите во САД биле жртви на руска пропаганда. Микроблогот открива дека ќе бидат испратени пораки до сите корисници кои биле жртви на пропагандата за време на изборите во 2016 година.

Бројката не е премногу голема, а Twitter ќе треба да извести 677.775 корисници кои следеле руски профили. Иако првичните пребројувања зборуваа за околу 2.200 профили од руската агенција, по добројувањето се изброени 3.814 профили од Internet Research Agency. Дополнително, откриени се и над 50.000 ботови кои од Русија твитале во САД за време на претседателските избори.

Internet Research Agency или Главнет е владина агенција, која е руска тролфарма. Вработените со инструкции од руските власти, со лажни профили преку друштвените мрежи влијаат на јавното мислење во Русија, но и насекаде во светот.

Ова е прв пат Twitter официјално да признае дека има влијани на изборите, иако додаваат дека сепак е до мал број корисници. Вo споредба со 140 милиони кои претходно ги пријави  Facebook, оваа бројка навистина изгледа минијатурна.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top