Turbo 80 е македонска видеоигра на која ѝ треба вашата поддршка

Turbo 80 е нова македонска видеоигра, креирана од Return Zero HQ. Ако сè се одвива според планот треба да излезе во средината на 2018 година. Играта е дело на неколку ентузијасти, студенти од Битола, на кои сега им е потребна помош.

Автори на Turbo 80 сe: Мартин Петковски, програмер, аниматор, риг, музука, ефекти, левел дизајн и „art director“; Стефан Кузмановски, 3д-графика, текстури, риг, левел дизајн, „art direction“ и анимации; Бошко Колоски, UI; Јован Јовановски, приказна; и Милан Петровски, 3д-графика.

Досега тимот ја развиваше играта во слободно време и без никакви финансии. Играта веќе има готов прототип и најголем дел од работите се приврешени. Сепак, за да додадат сè што имаат замислено, потребни се дополнителни средства.

Еве ја приказната досега:

„Настаните во Turbo 80 се поместени во не толку далечна иднина. Во 2080 година се креирани првите летачки автомобили. Набрзо војската ги направи во оружја и ги искористи за да ги уништи терористите. За жал мирот траеше кратко и додека светот војуваше, теористите повторно се вратија. Во паника светот се подели на четири фракции…“

Тука започнува и нашата приказна во Turbo 80. Играчите одбираат една од четирите фракции (Traveller, Destroyer, Shielder, Ressurecter), секоја со уникатно возило и гејмплеј. Некои од возилата се побрзи, некои имаат подобро вооружување, а некои имаат огромни штитови; ова ќе овозмозможи различно искуство со секоја од фракциите.

Image by Return Zero HQ / Indiegogo

Светот во играта се генерира процедурално, а алгоритамот може да искористи различни згради кога ја креира околината. Дополнително, се креира и сообраќајот во играта.

Средствата од Indiegogo кампањата ќе бидат инвестирани за креирање на мултиплеер, дополнителна околина, повеќе музика и различни модови на игра. Сепак, играта ќе биде завршена независно од успехот на кампањата, ветуваат од Return Zero HQ.

Image by Return Zero HQ / Indiegogo

Indiegogo кампањата е со флексибилна цел, а за целосен успех потребни се 30.000 долари. До крај на кампањата има уште 14 дена. Во претпродажба играта чини 20 долари.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk