Имате малку време и сакате да пробате нешто поразлично и апсолутно непотребно? На вистинско место сте!
Дали знаевте дека во Windows оперативниот систем има една опција која се вика Slide to shut down?
Кога и да кликнете на одредена кратенка, за која ќе ви кажеме како да ја направите подолу, ќе се појави екранот за заклучување. Lock screen-от, меѓутоа, нема да се појави на целиот екран, туку на половина пат од неговата изведба ќе застане, а вие ќе бидете пресретнати со следнава порака: Slide to shut down your PC (повлечи за да се исклучи твојот компјутер). Кликнете на понудената стрелка или повлечете надолу и компјутерот ќе се исклучи.
Корисно? Не баш. Тривијално? И тоа како!
Како да си направите кратенка? Десен клик на десктоп површината, па изберете New, па Shortcut. Во новоотворениот прозорец, внесете ја следнава команда:
%windir%\System32\SlideToShutDown.exe
По внесувањето, кликнете Next. Именувајте ја кратенката Shutdown и кликнете Finish. Двојно кликнување на оваа икона, допринесува до непосредно настанување на горе-опишаната, крајно тривијална ситуација.







