Три игри за невообичаена забава

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Archimoulin е игра која ќе ви се допадне доколку уживате во point-and-click авантури и платформери. Како интересен хибрид од овие два жанра, Archimoulin извлекува интересен баланс и нуди продукт кој значи со висока посвета и внимание. Во играта, која, патем, е проект на група студенти, имате за цел да соберете состојки кои се потребни да направите роденденска торта за вашата мајка (изгледа подобро отколку што звучи). Фајловите се компресирани и за да ја дојдете до играта потребен ви е 7-Zip за да ги извлечете податоците. Archimoulin е исклучително кратка игра и се завршува за дваесетина минути, но секоја посветена минута вреди и се заканува да ве освои со носталгичната изведба.

Gone Wandering e релаксирачка игра која, на прв поглед, се чини наменета за помладата публика каде играте како среќно, мало девојче и собирате најразлични пеперутки. Бројните острови се удавени во естетика од ерата на Nintendo 64,  а за нивно целосно заобиколување се потпирате на брод кој се управува со тастатура или џојстик. Преку следниот линк, можете да ја преземете играта.

Crowd Control е аркадна игра во која играте како гитарист кој, поради недостаток на подобри зборови, сурфа на толпа од фанови. Лев клик ви дава брзина, а десен клик ви дозволува да скокате и, со малку среќа, да го избегнете обезбедувањето кое е решено да стави крај на вашата налудничава мисија. Звучи лесно, но таквата илузија се крши во првата минута од играњето.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments