Трепкајте почесто со Blink Reminder и Healthy Browsing

Постојано дружење со екраните знае негативно да влијае на здравјето на вашите очи, особено доколку не трепкате доволно често. Независно дали истражувате на интернет, играте игра или пак едноставно ги шпионирате вашите пријатели на Facebook, еднаш кога ќе се замислите, очите престануваат да трепкаат со ист интензитет и, поради тоа, настанува синдром на суви и изморени очи кои, како резултат, предизвикуваат долгорочни проблеми.

Со оглед на тоа дека е многу тешко да се развие навика за нормално трепкање во фаза на огромна имерзивност, одредени екстензии, како Blink Reminder за Firefox, ве потсетуваат да трепкате и привремено да прекинете со работа на компјутерот. Кратките паузи се сведени на секои дваесет минути, но лесно можете да го смените ова на време кое мислите дека би ви повеќе одговарало. Исто, така, Blink Reminder ве охрабрува да правите подолги, десет минутни паузи на секој час, што е нешто за што вашите очи ќе ви бидат благодарни доколку често го практикувате. Потсетувањето е во форма на десктоп нотификации кои се доволно наметливи за да ви го зграпчат вниманието, а еднаш кога ја сигнализираат потребата за пауза лесно се затвораат.

Google Chrome корисниците дефинитивно би требало да ги проверат потенцијалите на Healthy Browsing екстензијата која не само што потсетува на колку минути да трепкате, туку и колку често да пиете вода, кога да се протегнувате, но и да внимавате на правилно држење на телото. Што се однесува за  времето на потсетувањето, и со оваа екстензија може да поставите колку често да бидете потсетувани, како и дали потсетувањето да се испорачува во аудио или само визуелна форма.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments