Дали Toyota може да биде првиот производител на автомобили кој ќе успее да понуди автономни возила на пазарот. Компанијата најавува дека првите возила кои самостојно ќе возат може да ги очекуваме на улиците веќе во 2020 година, таман на време за Олимписките игри во Токио.
Toyota започна со тестирање на возилата на патиштата во Токио, а автомобилот веќе може самостојно да изведува маневри. Автомобилот е модифициран Lexus GS, а самостојно може да промени лента, да се прилучи или исклучи од автопат. Успехот на автомобилите нема да биде изненадување, со оглед на тоа дека Toyota тестира автономни возила од 1990 година, вели USA Today.
Азискиот гигант не е динствниот заинтересиран за автониомни возила, а досега речиси сите поголеми производители ги претставија своите концепти. Изненадувачки најверојатните компании за прв производител на автономно возило, не доаѓаат од автомобилската индустрија туку технички комании, Google (Alphabet) и Apple. На сопствена технологија работи и најголемиот производител на електрични автомобили Tesla.







