По кратко време Nvidia повторно ја врати Titan X на тронот. Компанијата краток период ги остави GTX 1080 и GTX 1070 да бидат побрзи, но сега повторно е време „кралот“ да си го заземе престолот.
Картичката доаѓа за 1.200 долари и ќе биде flagship картичка за архитектурата Pascal. Новата картичка доаѓа со нов чип GP 102 со 3584 CUDA јадра. Процесорот е со работна фрекфенција од 1.417 MHz или во boost 1.531 MHz. Titan X доаѓа со 12GB DDR5X меморија, се разбира зголeмените перформанси бараат и повеќе електрична енергија или во овој случај 250W. Новата графичка картичка е 24 отсто побрза од GTX 1080 и дури 60 отсто побрза од претходниот Titan X.
Картичката ќе биде достапна од 2 август. Минатата недела Nvidia ја издаде GTX 1060 која ќе биде замена за поевтините модели.