Бионичката рака Titan е добитник на годинешната Dyson награда која се доделува на студенти кои студираат дизајн на продукт, индустриски дизајн или инженерски студии, известува Fast Company. Добитниции на наградата се Ник Мекгил, Николас Парота, Елизабет Бити и Николај Владимиров од Универзитетот Пенсилванија.
Titan ќе им овозможи на корисниците да креваат 40 фунти или 18 килограми повеќе, и е наменета за пациенти кои се лечат од повреди или од мозочен удар. Арматурата е поставена на основата која се прицврстува на делот кој се носи како ранец на грбот, а поддршката излегува од рамото и е поставена во должина на целата рака. Дополнителната „сила“ доаѓа од моторот кој е поставен на грбот, а корисникот управува преку џојстик кој го држи во здравата рака.
„Гледаме дека Џери [пациент кој оди на терапија] минатата недела можеше да ја помести раката помеѓу 20 и 60 степени, а сега може да ја помести раката од 15 до 75 степени… Не гледаме на Titan како на нешто што ќе дава надчовечка сила, многу повеќе е враќање на човечките моќи кај повредените луѓе.”, вели Ник Мекгил.
Идејата зад проектот е да се креира уред кој ќе помогне во рехабилитацијата на повреди, а ќе чини само еден мал дел од сегашните кој чинат и над 100.000 долари. Доколку планот е успешен Titan ќе чини околу 10.000 долари или памалку, па креаторите се надеваат дека болниците ќе го имаат во доволни количини за терапија.
[youtube]8S53Mc4UjgI[/youtube]