0 коментари 2 мин. читање 29 август, 2017

Тирана започнува со тестирање на електрични автобуси

Градоначалникот на Тирана, Ерион Валиај, најви дека на есен почнуваат со тестови на електрични автобуси. Албанија е една од најчистите држави во Евроапа, а најголем дел од електричната енергија се произведува во хидро-цетрали, вели Digital Spoiler.

Ова не е прва инвестиција на властите во Албанија во електрични возила. Албанската полиција има неколку електрични автомобили на располагање. Сепак, за разлика од полициските возила кои иако се достапни, сепак не влијаат премногу кога загадувањето е во прашање, јавниот превоз е сосем друга приказна. Електричните автобуси не загадуваат, па ова е секако ќе помогне за почист воздух во Тирана.

Минатата година и Белград, најави дека ќе купи 5 електрични автобуси за превоз во центарот на градот.

Автобусите кои ќе се користат во албанскиот главен град доаѓаат од полскиот производител, Solaris.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top