0 коментари 2 мин. читање 2 ноември, 2018

Тим Бернерс-Ли повика да се разгледа поделба на технолошките гиганти

Facebook и Google се преголеми и премногу доминантни и можеби треба да се размисли овие компании да се поделат. Кога за ова зборува Тим Бернерс-Ли мора да се подзамислиме дали е во право.

„Тоа што се случува е дека на крај останувате со една доминантна компанија и дури и историски немате алтернативи освен да ја разделите на помали делови. Постои опасност од концентрација на премногу моќ“, смета г. Бернерс-Ли.

Сепак и г. Бернерс-Ли е претпазлив, и вели дека мора да се биде внимателен пред да се растурат компаниите. Главна причина за ова е што технологијата многу брзо се развива, па некоја компанија би можела да ја растури доминацијата на гигантите.

„Пред да ги разделиме, треба да видиме дали нивната доминација нема да биде нарушена од некој помал играч кој успеал да го освои пазарот, а пазрот се менува, интересите одат на друго место“, вели г. Бернерс-Ли за Reuters.

Тим Бернерс-Ли е еден од креаторите на интернетот, тој во 1989 година го создава World Wide Web (WWW), а во 1990 година го создава и првиот веб прелистувач додека работи во ЦЕРН (Европска организација за нуклеарно истражување). Па, затоа за него често се употребува терминот „татко на интернетот“.

Тој неодамна објави дека интернетот денес воопшто не е како што го замислувал на почетокот. Затоа ја креираше Solid, платформа изработена од Бернерс-Ли и помал тим на MIT над постоечката интернет мрежа. Целта на Solid е да ја врати контролата над интернет како што беше оригинално замислена во рацете на корисниците. Она што ќе го овозможи Solid е контрола врз податоците на сeкој корисник.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top