Tesla возилата наскоро ќе може да се паркираат сами

0 коментари 1 мин. читање

Возилата на Tesla наскоро ќе добијат малечка, но значајна надградба. Најверојатно сè уште ја помните можноста возилото да пристигне автономно кога ќе го повикате.

Tesla ја промовираше можноста за повикување на возилото уште пред неколку години, но помалку ја подзаборавивме. Сега преку својот Twitter профил основачот на компанијата Елон Маск објави дека за месец и пол корисниците не само што ќе можат да си го повикаат своето возило од паркингот, туку и возилото ќе може подобро да вози на паркингот.

Г. Маск додаде дека една од функционалностите ќе овозможи ако корисникот се шета со притиснато копче за повикување возилото да го следи додека се движи. Засега е нејасно дали ова е смислена функционалност или нешто што се појавило во развојот.

Автоматското паркирање ќе овозможи возилата да се паркираат и да прават покомплициран маневар, без возач во нив. Ова значи дека нема да има потреба за отворање на врати што ќе овозможи паркирање во многу потесен простор, вели Reuters.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top