Најпопуларниот производител на електрични автомобили Tesla, најави две нови електрични возила. Заедно со оваа најава Илон Маск сподели интересни вести за Giga фабриките во Шангај и Берлин.
Двете возила се дел од планот на Tesla за производство и развој на нови и поевтини возила. Основачот на Tesla, Елон Маск најави возило кое ќе биде поевтино од 25 000 долари. Ова не е првпат основачот на компанијата да најави подостапен модел, но засега овие планови не се реализирани.
Доколку се остварат најавите во следните неколку години може да очекуваме 5 нови возила од Tesla. Производителот веќе пред неколку години ги најави камионот Tesla Semi, CyberTruck и Tesla Roadster.
Интересно и возилото кое ќе биде поевтино од 25 000 долари нема да дојде по намалување на ценетата на Tesla Model 3 како што првично се мислеше, туку ќе биде сосем ново помало возило.
Веројатно овие нови електрични возила кои ги најави Tesla ќе доаѓаат од Giga фабриките во Шангај и Берлин. Г. Маск од својот твитер профил сподели вест дека овие фабрики ќе работат на нови модели. Tesla неодамна најави и отворање на нов дизајн центар во Германија.
Промените кои ги најави г. Маск би можеле да означуваат и промена на стратегијата на Tesla, смета Electrek. Производителот денес со своите возила креира едно возило кое со минимални промени ќе ги исполнува условите на сите пазари каде ќе се продава. Ова важи за сите возила освен за последното. Cybertruck е креиран да ги исполнува законските услови единствено во САД.
Очекувањата се и фабриките во Шангај и Берлин можат да креираат возила кои ќе бидат соодветни на законските рамки во соодветните региони.