0 коментари 2 мин. читање 28 јуни, 2018

Техничките компании во САД се подготвуваат за нови избори

Оваа недела претставници на Amazon, Google, Twitter, Oath (Yahoo), Microsoft, Snap и Apple се сретнаа во седиштето на Facebook. На средбата имаше и претставници од Одделот за домашна безбедност и Федералното истражно биро.

Претставниците на најголемите технички компании и безбедносните агенции се сретнаа да зборуваат за опасноста од руско мешање во следните избори, јави New York Times.

Најверојатно најголем интерес нивното име да остане надвор од весниците има Facebook. Компанијата има проблеми и со медиумите, а и со конгресот кога изборите се во прашање. Очите на јавноста во пресрет на овие избори се вперени во друштвените мрежи, но и во Google.

„Не сме виделе никаква активност од Русите која наликува на настаните од 2016. Сепак не мора да го видиме ова за да преземеме нешто… Добра вест е дека и државните и локалните претставници за изборите го сфатија ова сериозно. Многу се ангажирани“, вели Крисофер Кребс, потсекретар во Одделот за домашна безбедност.

Следните избори во САД ќе се одржат на почетокот на ноември.  На изборите ќе се гласа за сите 435 претставнички места во Претставничкиот дом и 100 места во Сенатот на САД.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top