Од легални причини, YouTube не дозволува преземање на видеата. Доколку се претплатите на YouTube Premium, меѓутоа, сите видеа ќе можете да ги преземате и гледате без пристап до интернет, но само преку апликацијата YouTube.
Многу корисници се сосема задоволни од стриминг на видеата, но знае да се случи да се јави потреба за преземање на некое видео. Во тие ситуации, би можеле да ги проверите потенцијалите на Tartube. Со оваа апликација не само што можете да преземате индивидуални видеа, туку и цели плејлисти или канали.
Преку Tartube преземаното е автоматски во форматот MP4. Доколку сакате друг формат, принудени сте да користите дополнителна алатка за конверзија. Корисно е и тоа што видеата можете да ги преземете и во нивната аудио форма. Tartube фукционира и со многу други сајтови, а не само YouTube, a може да се користи и за прегледување на содржините.