Танц, Fortnite и авторски права

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг, Свет

Image copurtesy of SNL

Расел Хорнинг беше обичен тинејџер (ако воопшто постои вакво нешто) сѐ додека неговото будалесто играње на го забележаа Ријана и Кеjти Пери.

Најпрво Ријана сподели негово видео на друштвените мрежи, а потоа и Кеjти Пери го повика да биде нејзин гостин на Saturday Night Live. Го доби името „Детето со ранец“ (Backpack Kid), и оттогаш неговата популарност само расте, а играњето е негов заштитен знак.

Популарниот „Floss“ се појавуваше насекаде, па дури може да се купи и во супер популарната игра Fortnite.

Иако појавувањето во Fortnite ќе им ласкаше на најголем дел од неговите врсници, Расел Хорнинг не мисли така. Но, Расел не е единствен кој мисли дека има право на танцови движења.

Актерот Афонсо Риберо кој го играше Карлтон во подзаборавената серија Fresh Prince of Bel-Air и хип-хоп артистот 2 Milly сметаат дека тие се автори и дека нивниот танц е украден.

Овие двајца артисти заедно со мајката на Расел Хонинг се во спор со креаторите на Fortnite, но и на NBA 2K, игра во која исто така може да се купат различни потези на популарни пејачи, најчесто хип-хоп ѕвезди.

Ова е втор пат развивачите на видеоигри да се пронајдат во неистражен простор. Претходно неколку популарни спортски симулации добија тужби поради немањето на авторски права за тетоважите на спортистите.

Авторските права за тетоважите, ги имаат уметниците кои ги нацртале, а не оние врз кои се нацртани. Прифатливо е покажувањето на тетоважите во јавноста, бидејќи ова се подразбира и пред тетовирањето. Но, користењето во видеоигрите е новост. Ако се подразбира дека авторските права врз тетоважите на Леброн Џејмс му се отстапени на г. Џејмс, ова не е случај за дигиталните „аватари“ на спортистите. Поради ова користењето на оригиналните тетоважи е проблем.

Сепак делот со танцувањето се чини дека ќе биде потешко да се одбрани. Главната причина е што нема некоја јасна законска рамка за заштита на авторски права кај танцот.

„При одлучувањето дали некој танц е подобен за авторски права, судовите разгледуваат комбинација на фактори, вклучувајќи го нивото на креативност, комплексноста и должина, но и дали танцот е независно креиран.

На пример, не можете да заштитете музичка белешка или збор, но ако пронајдете доволно споени заедно имате песна што може да ја поседувате. Ниту индивидуалните танцови чекори според правилникот за авторски права, не се заштитени со авторски права. A, и танците кои се дел од Fortnite се многу кратки“, вели New York Times.

Секако главна причина за недостатокот на заштита се парите. Во танцовата кореографија нема многу пари, па и евентуалната оштета не може да биде којзнае колкава.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments