0 коментари 2 мин. читање 27 октомври, 2011

Таблет компјутерите и иднината на вестите (инфографик)

Корисниците на таблет компјутери се образовани, вработени, заработуваат пари и не се млади, се вели во извештајот на истражувачкиот центар Pew кој во соработка со The Economist Group објави инфографик за револуцијата на таблет компјутерите и иднината на вестите.

Дури 46 отсто од испитаниците припаѓаат на старосната граница од 30 до 49 години. Конзумирањето вести на таблет компјутери е исто толку важно како и проверувањето имејл. Дури 53 отсто од сопствениците, своите таблет компјутери ги користат за конзумирање вести. Просечниот корисник дневно троши дури 90 минути на проверување вести.

Во инфографикот исто така може да се види и дека само 21 отсто користат апликации за да проверуваат вести, додека 40 отсто користат веб прелистувач, а 31 отсто користат и апликации и веб прелистувач. Без некое изненадување, таблет компјутерот на Apple, iPad е користен дури 81 отсто во случаите. За повеќе информации погледнете го целосниот инфографик.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top