0 коментари 2 мин. читање 19 октомври, 2012

Surface телефон ќе ги популаризира Windows Phone 8 телефоните, вели директорот на Nokia

Извршниот директор на Nokia, Стефan Илоп не е загрижен од можното влегувањето на Microsoft на пазарот со Surface Phone, туку се радува на што е можно повеќе конкуренција за Windows 8 телефоните, пред се од Microsoft, но и од останатите производители.

Причината е едноставна. Колку повеќе производители толку е побогат пазарот со уреди и екосистемот е попопуларен. Г. Илоп ја поздрави шпекулацијата дека Microsoft ќе излезе на пазарот на паметни телефони со сопствен уред.

„Ги охрабруваме  HTC, Samsung и Microsoft и сите други да исфрлат уреди на пазарот и да инвестираат со цел да се подигне „екосостемот“.“, изјави г.Елоп.

Директорот на Nokia навистина е во право. Во моментов иднината на Windows 8 телефоните е речиси целосно на грбот на Nokia која ги има телефоните Lumia 820 и Lumia 920, но во исто време речиси е извесно дека и иднината на Nokia сега зависи од успехот на Windows 8  телефоните.

HTC и Samsung најавија дека ќе имаат свои телефони со Windows 8 оперативен систем, но барем засега, за нив прв избор на платформа е Android и ако ништо друго пазарот на мобилни телефони покажува дека корисниците во најголема мерка сакаат разновидност.

И покрај конкуренцијата г.Илоп е убеден дека Nokia телефоните ќе бидат подобри од останатите Windows 8 паметни телефони. За жал изборот на оперативен систем во минатото им направи многу проблеми, од NOS па до Symbian. Да се надеваме дека Windows 8 телефоните се вистински избор за поранешниот фински гигант.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top