Стивен Хокинг користи SwiftKey и систем од Intel за да комуницира побрзо

во Свет

По 20 години интерфејсот кој го користи Стивен Хокинг конечно доживеа надградба. Новиот систем како и сите претходни последниве 20 години, доаѓа во соработка со Intel, и доаѓа унапреден бидејќи за жал г. Хокинг, поради својата болест, започна пребавно да го користи стариот интерфејс. Претходната верзија на интерфејсот го следеше движењето на образите на г.Хокинг, преку инфрацрвено-копче на очилата. Со помош на ова г.Хокинг може да одбира карактери од екранот, а со тоа и да пишува и говори. Сега со развојот на технологијата Intel преку следење на очите и гримаси на лицето се надева дека ќе овозможи нов, подобар и побрз начин за комуникација.

Дел од тимот кој работеше на Assistive Context Aware Toolkit (ACAT) е Swiftkey, компанија која пред се е позната по креирањето на паметната тастатура за паметни телефони со Android и iOS оперативен систем. Како и кај останатите корисници и кај г. Хокинг тастатурата се привикнува на навиките и прави подобри предлози/предвидувања колку подолго се користи.

„Проценуваме дека нашата технологија речиси двојно го забрза пишувањето и говорот на Проф. Хокинг. Со разбирање на начините на кои тој го користи јазикот, SwiftKey прави Стивен да комуницира побрзо и поедноставно“, вели Џо Осборн од SwiftKey за VentureBeat.

Системот е специјално изработен за проф. Хокинг, а Intel ќе го направи „open source“ во јануари, па сите на кои им е потребно ќе можат да го прилагодат на своите потреби.

[youtube]uXIG0sqQItA[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments