0 коментари 2 мин. читање 26 март, 2018

Стартап кој може да направи да живееме вечно, но мора да не убие

Стартап од САД верува дека може да го прикачи умот на корисникот онлајн во облак, но за жал во овој процес мора да не убијат.

Ако замисливте иднина налик на епизодата Сан Џуниперо на Black Mirror, можеби во наекоја подалечна иднина. Компанијата веќе тестира со зајци, но она што барем засега е сигурно е единствено дека процесот е 100% фатален, пренесе Guardian.

Компанијата Nectome е основана од група истражувачи на вештачката интелигенција од MIT.

Процесот во кој се зачувува мозокот е наречен „aldehyde-stabilised cryopreservation”. Со процесот мозокот се претвора во стакло, а досега е тестиран на зајак и на свиња.

Сепак, можеби поимпресивно е дека еден од првите „муштерии“ на сервисот е Сем Алтман од Y Combinator. Г. Алтман уплати 10.000 долари за да биде еден од првите 25 луѓе на листата на чекање.

Иако компанијата можеби и ќе најде муштерии за зачувување во облакот, лоша вест е што засега нема што да се прави со овие податоци. Компанијта се надава дека до 2024 година ќе можат да ја презенитраат првата потполно аплоудирана симулација на мозок.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}