Српскиот весник Блиц денеска излезе во 3Д-формат

Српскиот дневен весник Блиц денеска слави 17 години од своето основање, по овој повод редакцијата денешното издание на весникот ќе го издаде во 3Д-формат.  3Д-изданието доаѓа на 56 колор страни и специјални очила со кои читателите ќе можат да гледаат 3Д визуелизации и слики.

„Се започнува со пронаѓање на адекватни објекти и агли за фотографирање како би можела илузијата да биде што е можно подобра. Нашите експерти поставија два фотоапарати на посебни држачи и истовремено фотографираа ист објект или личност. Потребно е истовремено да се определат далечината, осветлувањето и острината, а единствена разлика во овие фотографии е аголот. Фотоапаратите при ова фотографирање се оддалечени десеттина сантиметри.“ – велат од Блиц.

Очекувано читателите се воодушевени од овој новитет кој за прв пат доаѓа кај весниците во Србија. Ова нема да биде крај на 3Д-содржините, во следните 12 броеви на весникот, од 17 до 29 септември ќе доаѓа 3Д серијалот „Динологија“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk