Spotify се користи за слушање музика, но и за перење пари

Spotify, едно од најистакнатите имиња во индустријата за стримување на музика, го револуционизираше начинот на кој луѓето слушаат музика.

Основана во 2006-та година, во Стохлом, Шведска, Spotify како платформа нуди пристап до широк спектар на песни, подкасти и албуми што ја прави вистинско место за љубителите на ноти. Со својот кориснички интерфејс и посветеноста на обезбедување квалитетна аудио содржина, Spotify не само што го промени начинот на кој слушаме музика, туку и значително влијаеше на современиот начин на слушање музика. 

Луѓето секојдневно слушаат музика и подкасти преку Spotify, но шведските криминални банди кои што се занимаваат со трговија на дрога, нарачани убиства, измами и други криминални дејствија нашле нова примена на апликацијата. Имено, тие создале формула за перење пари преку Spotify… 

Која е формулата за перење пари преку Spotify? 

Овие нелегални активности датираат од 2019 година, кога шведскиот рап добива значително поголема популарност. Процесот на перење пари започнува така што преку дискретни трансакции во готовина, криминалците го претвораат својот валкан кеш во биткоини. Потоа, преку платформи од типот на Telegram ангажираат луѓе или компании кои што нудат услуги од т.н. SMM панел, односно купуваат лажни слушатели на песни од артисти, кои што се поврзани со криминалните групи. 

Со помош на лажните слушатели, песните на артистите се искачуваат на врвовите на листите, а од врвот сѐ е полесно, па така кога веќе одредена песна е на врвот на некоја листа, таа има многу поголема видливост и привлекува повеќе регуларни слушатели.  

Повеќе слушатели на песна повлекуваат повеќе исплатени пари на артистите, односно Spotify во Шведска за еден милион слушатели исплаќа 40.000 до 60.000 шведски крони, што е еквивалентно на 3.800 до 5.600 американски долари. 

Што е SMM Panel? 

Панелот SMM (Social Media Marketing), честопати познат како панел за препродавачи на SMM е веб-базирана платформа што им овозможува на поединците и бизнисите да купуваат услуги на социјалните медиуми за да го зајакнат нивното онлајн присуство и ангажман на различни платформи од доменот на социјални медиуми. Овие услуги обично вклучуваат лајкови, претплатници, следбеници, коментари, споделувања и други форми на корисничка интеракција на платформи како Facebook, Instagram, Twitter, YouTube.  

Целта на SMM панелот е да им помогне на корисниците брзо да го подобрат своето присуство на социјалните медиуми нудејќи им пригоден начин за купување интеракции, следбеници и други метрики за ангажман. Овие услуги можат да бидат корисни за поединци или бизниси кои сакаат да ја зголемат својата видливост, да создадат следбеници на социјалните мрежи и да ги промовираат нивните содржини или производи. 

Дали SMM панелот е легален? 

Купувањето и продавањето на услуги не се смета за нелегална активност, но е против политиките на повеќето социјални медиуми. Нивната употреба не е препорачана од ниту еден социјален медиум. Ако корисникот користи вакви услуги за својата сметка на социјалните медиуми, тој ризикува да се соочи со казни, а многу веројатно и бришење на неговата сметка. 

Што прави Spotify за расчистување на ваквите случаи? 

Како одговор на овие случувања, Spotify ја нагласи својата посветеност на решавање на проблемот со манипулираните преноси, нагласувајќи дека таквите преноси сочинуваат помалку од 1% од вкупните слушатели на платформата. Компанијата е посветено ангажирана во справувањето со проблемите од овој тип. Како и да е, овие откритија ја нагласуваат потребата за зголемена будност во музичката индустрија, истакнувајќи ги иновативните, но сепак незаконски шеми што ги користат некои поединци за перење пари. 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments