0 коментари 1 мин. читање

Spotify е крал на музичките сервиси, но сѐ уште недостапен во Македонија

Spotify стигна до бројката од 40 милиони претплатници и со тоа е лидер кога сервисите за стрим на музика се во прашање. Она што е поимпресивно е дека до последните 10 милиони корисници сервисот дојде за околу 6 месеци, јави 9to5mac. Во март оваа година сервисот објави дека стигна до 30 милиониттиот претплатник.

За споредба сервисот на Apple, Apple Music има 17 милиони корисници, и за речиси истиот период има 4 милиони нови корисници. Истовремено Spotify на последното пребројување имаше над 100 милиони корисници. Овој пат компанијaта не сподели вкупна бројка на корисници.

Засега е нејасно дали поголемиот број на претплатници значи и дека компанијата започна да работи со профит. Во 2015 компанијата имаше загуби од 193 милиони долари, ова претставува пораст од 6.7 отсто во однос на 2014.

Сервисот Spotify, и покрај популарноста, се уште не е достапен за македонските корисници, а засега нема ниту пак најави дека сервисот ќе се прошири и низ цела Европа.

image-820

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top