Во потрага по дизајн кој ќе биде поинаков и ќе помогне да се направи разлика помеѓу паметните телефони Samsung и Lenovo (преку Motorola) се обидуваат да ги вратат старите телефони на преклопување. Технологијата за изработка на флексибилни екрана е една од причините поради кои телефоните со екрани на преклопување се повторно интересни.
Откако минатата година Samsung не се прослави со Galaxy F, главно поради проблеми со екранот, оваа година ќе се обидат со нов модел и дизајн. За Motorola ова е првиот модел и ако со нешто потфрлија, тоа е погрешната процена за интересот за телефонот кој се распродаде на брзина.
Екран
Со новиот дисплеј со тенко стакло, Samsung треба да обезбеди поиздржлив екран. За жал ова не обезбеди екран кој е доволно цврст, и може да се изгребе со нокти. Но телефонот не е значително поиздржлив од конкуренцијата.
Galaxy Z-Flip доаѓа со 6,7-инчен AMOLED екран со 1080 х 2636 резолуција и 425ppi.
Екранот на Motorola Razr е пластичен, но дизајнот на преклопот е паметно дизајниран и нема опасност оштетување на екранот при преклопување. Всушност екранот никогаш не е сосем преклопен туку се превиткува со поголем и безбеден радиус. Секако и со овој екран најголем проблем се гребаниците. Екранот е со однос 21:9 и резолуција 876 х 2142. Ова не е спектакуларно за денешната технологија, но е сосем доволно. Од друга страна телефонот чини 1500 долари и веројатно за оваа сума треба да очекувате повеќе.
Ако издржливоста на екранот ви е една од потребните информации за да донесете одлука. Не мора да се грижите, двата уреди се оштетуваат подеднакво лесно, и екраните ќе се искршат на првото паѓање, вели CNET. Ова секако нема да храбри никого.
Дополнителен проблем е предолгиот екран, иако единствено во контекст на содржината која не се креира во овој формат.
Хардвер
Motorola Razr доаѓа со Snapdragon 710 процесор, 128 GB слободен простор и 6GB RAM. Овој процесор не се користи во „флагшип“ телефоните и секако перформансите се полоши отколку кај Snapdragon 8xx серијата; 6GB RAM се доволно за речиси сè што ви е потребно. Motorola нема „тешка“ надградба на Android, па ова не е преголемо оптоварување, вели Engadget.
Помалку разочарувачки е што оперативниот систем Android 9.0 нема надградба.
Што се однесува до батериите Motorola вели дека вкупниот капацитет на двете батерии е 2,510mAh што е доволно за 12 часа работа пред полнењето. Иако за континуирана работа ова се намалува на 5, 6 часа.
Samsung во својот уред има вградено поимпресивен хардвер. Телефонот доаѓа со Snapdragon 855+ процесор, 256 GB простор и 8 GB RAM меморија. Батеријата е со капацитет од 3300mAh.
Дефинитивна предност за Samsung е Android 10 оперативниот систем, и можноста за променлива SIM картичка. За разлика од ова Razr нема простор за физички SUM, туку доаѓа со виртуелна SIM картичка.
Камери
Веројатно камерите ни на двата телефони не се пресудни за изборот на уредот, но подобра камера секако нема да им предизвика главоболка на купувачите.
Galaxy Flip доаѓа со двојна 12МР камера. Едниот објектив е со агол од 78 степени, а вториот е широкоаголен и покрива 123 степени.
Во случајот на Motorola, камерата е единечна со 16MP и f/1,7. Камерата нема да импресионира никого, и ако камерите на Flip Z се приближни со останатите поскапи телефони на Samsung, уредот е „победник“ во оваа категорија.
Samsung Flip е подобар телефон
Веројатно ова можеше да се заклучи и веднаш по компарацијата на процесорите. Хардверот во Flip е значително помоќен и е споредлив со она што го гледаме кај флегшип телефоните. Ова не може да се каже и за Razr кој иако доаѓа со солиден хардвер не е на висината на цената која купувачот треба да ја плати (ако воопшто постои телефон вреден 1500 долари).
Најголема предност на Razr е функционалноста на помошниот екран на поклопецот. Поголемиот екран овозможува значително повеќе податоци да бидат презентирани на екранот, што е добредојдено.