1 коментар 1 мин. читање 27 октомври, 2011

Sony го купи останатиот дел од Sony Ericsson за 1,4 милијарди долари

Јапонскиот Sony ја презеде целосната контрола врз Sony Ericsson. Оваа компанија претходно беше водена заедно со шведскиот производител на телеком уреди Ericsson.

Sony ги октупи останатите 50 отсто од Ericsson за 1,4 милијарда долари, и заедно со целосната контрола ќе добие и сопствеништво на пет сета патенти кои се однесуваат на технологии за правање уреди и договори за лиценци на интелектуална сопственост.

Интересно, шведската компанија изјави дека „синергијата“ меѓу двете компании се нарушувала.

Претходно Sony Ericsson најави дека од 2012-та компанијата целосно ќе се посвети на произведување на паметни телефони.

До сега Sony Ericsson продаде 22 милиони Android уреди, а 80 отсто од нивниот бизнис е од продажбата на Xperia моделите. Еден од најинтересните уреди oд Sony Ericsson до сега е Xperia Play, или како што го нарекуваат PlayStation Phone, кој е наменет за гејмери.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мијачка
Мијачка
14 years ago

Им посакувам успех на Сони. Со нивниот гејмерски мобилен имаат озбилни шанси да зафатат голем колач од пазарот, особено помеѓу најмладите корисници на мобилни телефони.

Мени
Заедница
Изглед
To top